Мауро Икарди утре оди на суд, Ванда го пријави за насилство

t

Брачната двојка Мауро Икарди и Ванда Нара повторно е во центарот на вниманието на аргентинската јавност, а причина за ова е нивната нова кавга која ќе резултира со појавување на славниот фудбалер на суд.

Мауро Икарди и Ванда Нара со години ги полнат страниците на италијанските и аргентинските таблоиди. Веќе не се знае бројот на нивните кавги и помирувања, а откако неколку месеци беа „тивки“, во јавноста повторно испливаа нивните домашни проблеми.

Во емисијата Los Angeles de la mañana на America TV, новинарот Анхел Брито откри дека Ванда го пријавила Мауро за насилство.

„Таа дошла во нејзиниот стан во Буенос Аирес да ги посети ќерките, а Мауро вербално ја нападнал. Таа сакала да го напушти станот, но тој не ѝ дозволил. Физички ја спречил во тоа. На крајот успеала да го земи клучот и да побегне. Кога подоцна се обидела да се врати, тој физички ја нападнал и таа поднела пријава за напад“, откри Брито.

Како што додаде, Мауро утре ќе се појави на судското рочиште во Буенос Аирес, каде ќе ја каже својата верзија на приказната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мауро Икарди утре оди на суд, Ванда…

Брачната двојка Мауро Икарди и Ванда Нара…

Трамп го скрои тимот: Oва се сите…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп веќе почна…

Со воената вежба „Одлучен Воин” во Латвија…

Тринаесет земји членки, повеќе од илјада воени,…

Пронајден убиецот на 31 годишниот во село…

54 годишниот T.K од село Дедино од…

Протекоа детали од планот на Трамп за…

Откако Доналд Трамп победи на изборите, светот…