Мацари за трансферот на Елмас: Ако некој сака да си замине – вратата му е отворена!

t

Екипата на Наполи ги заврши настапите во Купот на Италија по синоќешниот срамен пораз на домашен терен од Фросиноне (0-4), што предизвика голем револт кај навивачите на овој клуб.

Тренерот Валтер Мацари по средбата мора да им се извини на фановите за очасната игра.

„Сакам да им се извинам на навивачите, тие останаа со нас до крајот и не заслужија ваков пораз. Не ми се допадна ова што се случи, ќе мора да зборувам со фудбалерите да ми објаснат зошто така загубивме“, изјави Мацари по синоќешниот дуел.

Тренерот на Наполи беше прашан и за најавеното заминување на Елиг Елмас во Лајпциг.

„Ако некој сака да си замине од клубот по освоено Скудето, јас го охрабрувам да го направи тоа – вратата му е отворена. Останатото е во рацете на клубот и од таму ќе добиете објаснување тоа што се случило“, дополни Мацари.

Елмас од синоќа е де факто фудбалер на Лајпциг, а на почетокот од следната година се очекува и официјално да стави потпис на договорот со бундеслигашот. Наполи ќе добие 25 милиони евра, а македонскиот фудбалер ќе се обврзе на соработка најмалку до 2028 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…