Објавено на:

Мац Црни загина во тешка сообраќајка: Возачот кој удрил во него и пријателот избегал, па после сам се пријавил

t

Тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот се случи вчера рано утрото на улица „Скупи“ во Скопје.

Како што информира МВР, сообраќајката е пријавена во 05:50 часот, а во неа учествувале автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.О.(27) од Скопје и мопед „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Ц.(30) од Скопје.

Возачот на автомобилот, велат од МВР, го напуштил местото на настанот, но подоцна самиот се пријавил во Полициската станица Бит Пазар.

– По несреќата Г.Ц. и сопатникот од мопедот М.Ѓ.(50) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар на Г.Ц. му биле констатирани тешки телесни повреди, а М.Ѓ. околу 12.00 часот им подлегнал на повредите, информираат од Министерството.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Од починатиот Мац-Црни вчера се простија „Комити“ и „Сити парк бојс“ кои наведоа дека загубиле навивачка супер ѕвезда. Погребот ќе се одржи во вторник на Градскиот гробишта во Бутел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хороскоп за недела (10 декември)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не…

За многу години: Денес се празнуваат овие…

Светиот маченик Јаков Персијанец Роден е во…

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…