Мачето Мими бара дом: Вработените на Клиниката за психијатрија во Скопје со емотивен апел за вдомување

t

Една необична и топла приказна доаѓа од Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје, каде што мало маче по име Мими ги освои срцата на вработените, а сега бара семејство кое ќе му подари љубов и сигурен дом.

Мими неодамна се појавила во дворот на клиниката, но многу брзо се однесувала како отсекогаш да била дел од ова место. Нејзината дружељубивост, приврзаност и мирен карактер ги поттикнале вработените да ѝ помогнат да најде постојан дом.

Од Клиниката посочуваат дека грижата за животните и дружењето со домашни миленици можат позитивно да влијаат врз емоционалната состојба на луѓето, придонесувајќи за намалување на стресот, подобрување на расположението и одржување на секојдневната рутина.

„Мачето Мими неодамна се појави кај нас и веднаш почна да се однесува како да е тука израсната. Таа е совршен миленик за да живее во домашни услови – има стекнати хигиенски навики, постојано преде, шири љубов и позитивна енергија“, велат од Клиниката.Вработените веќе се погрижиле Мими да биде целосно подготвена за вдомување. Таа е прочистена од внатрешни и надворешни паразити, стерилизирана и вакцинирана, а нејзините хигиенски навики ја прават погодна за живот во домашни услови.

Сега останува најважниот чекор – да се пронајде семејство кое ќе ѝ обезбеди грижа, внимание и љубов.

Од Универзитетската клиника за психијатрија упатуваат апел до сите љубители на животни кои имаат можност и желба да вдомат маче, да им испратат порака преку нивната официјална страница на Фејсбук.

Мими е подготвена за ново поглавје во својот живот, а можеби токму нејзиниот иден сопственик ќе ја пронајде во оваа приказна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мачето Мими бара дом: Вработените на Клиниката…

Една необична и топла приказна доаѓа од…

Протекоа вецињата на психијатрија со кои Мицкоски…

Докторката од Детската Клиника М.К алармира дека…

Запалени пет возила во близина на Психијатриската…

Попладнево избил пожар на плац со стари…

Почина проф. д-р Витомир Мицев, еден од…

Известување од Универзитетската Клиника за психијатрија: Со…