„Машката“ победа вреди милион денари, а „женската“ само половина од тоа: Отворена постапка против Одбојкарската федерација на Македонија
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поведе постапка по службена должност против Министерството за спорт и Одбојкарската федерација на Македонија, поради сомневање за директна дискриминација врз основа на пол, во областа на образованието, науката, спортот и пристапот до добра и услуги.
Имено, на 33-тото издание на Купот на ОФМ во 2026 година, машкиот победнички тим бил награден со 1.000.000 денари, додека женскиот победнички тим добил 500.000 денари.
Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, ваквиот различен третман при определување на државните парични награди претставува поделба на корисниците врз основа на пол, при што женските тимови се ставени во понеповолна положба. Со тоа се повредуваат одредбите од член 5 и член 6 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, велат од Комисијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…