Маѓар изјави дека имал „исклучително успешен“ разговор со Лајен за одмрзнување на еврофондовите за Унгарија
Победникот на парламентарните избори во Унгарија, Петер Маѓар, на Фејсбук објави дека денеска имал „исклучително конструктивен и успешен“ разговор со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, за замрзнатите европски фондови, кои „наскоро“ ќе бидат ставени на располагање на Будимпешта.
Маѓар во својата објава забележува дека на 25 мај, откако веќе ќе ја положи заклетвата како премиер, повторно ќе го посети Брисел за да склучи политички договор за доделување на замрзнатите европски средства.
Фон дер Лајен, од своја страна, на Х напиша дека нејзината средба со унгарскиот лидер поминала „многу добро“ и оти разговарале за „неопходните чекори за одмрзнување на предвидените средства од ЕУ за Унгарија, кои беа блокирани поради загриженост поврзана со корупцијата и владеењето на правото“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…