Маѓар со ултиматум до „марионетите на Орбан“: Можете доброволно да си одите до 31 мај
Идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, постави рок за луѓето на Орбан да ги напуштат своите позиции на власт.
„До 31 мај, марионетите на Орбан можат доброволно да ги напуштат своите позиции“, рече Маѓар, нагласувајќи за кои луѓе зборува: „Ова се однесува на претседателот на Унгарија, претседателот на Врховниот суд, претседателот на Националната судска администрација, претседателот на Уставниот суд и главниот обвинител“.
„Доколку овие функционери не си заминат доброволно до 31 мај, тогаш – врз основа на мандатот добиен од милиони Унгарци – ќе ги отстраниме од функцијата“, вети Маѓар. Маѓар објави дека неговата влада ќе се состои од 16 министерства. Инаугуративната седница на новиот парламент може да се одржи околу 9-10 мај, при што се очекува новиот премиер да биде избран веднаш и да положи заклетва, а потоа парламентарните комисии ќе ги сослушаат кандидатите за министри, објасни тој.
Маѓар ги објави првите седум министри од неговиот иден кабинет: Анита Орбан – министерка за надворешни работи; Андраш Карман – министер за финансии; Иштван Капитан – министер за економија и енергетика; Жолт Хегедуш – министер за здравство; Ласло Гадош – министер за екологија; Соболч Бона – министер за земјоделство и храна; Ромулус Русин-Сенди: министер за одбрана. Останатите министерства, засега без имиња на министри, се: Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Министерство за транспорт и инвестиции, Министерство за образование, Министерство за социјални работи, Канцеларија на премиерот, Министерство за рурален развој, Министерство за култура, научни работи, спорт, организации на граѓанското општество, цркви и медиумска регулатива и Министерство за дигитални и технолошки работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протекување на податоци на „Тиса“: Маѓар обвинува…
Голем скандал со истекување на лични податоци…
Пронајден е Виктор од Младо Нагоричане
В.Н.(41) од Куманово кој завечера беше пријавен…
Орбан: На барање на Унгарија создадена иницијатива…
Групата „Пријатели на мирот“ на земји од…
Oрбан: Унгарија нема да прима мигранти
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…