Маја Морачанин е единствен предлог за претседател на ДОМ
Општинските организации, младинската организација-МОДОМ, Форумот на жени и Извршниот одбор на зелената партија ДОМ, како единствен кандидат за претседател на ДОМ на претстојниот Петти конгрес кој ќе се одржи на 27 ноември, ја предложија актуелната претседателка, Маја Морачанин, информираат преку соопштение од партијата.
На денешната седница на Извршниот одбор на ДОМ, беа разгледани и усвоени предлозите од општинските организации на ДОМ, младинската организација и Форумот на жени за кандидати за претседател, членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ.
Согласно внатрепартиските демократски принципи, кандидатите за претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ ги предлагаат членовите на општинските организации, МОДОМ и Форумот на жени на ДОМ.
На 18.11.2022 година, ДОМ објави јавен оглас во два печатени медиуми, во кој ги повика членовите на ДОМ да се пријават до општинските организации во нивните места на живеење, за изразување интерес за кандидирање за членови во органите и телата на ДОМ што ќе бидат избрани на Конгресот, се вели во соопштението на ДОМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…
Се запалиле бандери за електрична енергија во…
Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…
Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…