Објавено на:

Мајката која ги уби своите деца, а претходно ги измачуваше доби 15 години затвор

t

Хадвин бил пронајден мртов во затворска ќелија додека ја чекал пресудата во февруари. Неговата смрт се уште е под истрага.

Децата на Пиклс и Хадвин биле толку гладни што пешачеле повеќе од 6 километри за да пребаруваат низ контејнерите од супермаркетите во 4 часот наутро. Кога го пријавиле злоставувањето на доверливо возрасно лице и случајот дошол во полиција, Хадвин и Пиклс се испаничиле, ги фалсификувале писмата и рекле дека ги напишале нивните деца, пишува Дејли Мејл.

„Жал ни е, лажевме“, пишувало во писмата. Експерт за ракопис подоцна утврдил дека писмата се лажни, односно дека не се работи за детски ракопис. Полицијата започнала истрага во 2018 година по пријава за можна злоупотреба. Истрагата траела четири години, во текот на која детективите испрашале повеќе од 150 сведоци.

Откриле дека Хадвин и Пиклс ги принудувале децата да јадат сапун и да се тушираат со врела вода, ги затворале во плакари, ги тепале и изгладнувале. Знаеле и да ги потопат во вода додека не помодрат. Децата често барале храна на улица и еднаш биле пронајдени во 4 часот наутро како пешачат до супермаркет во потрага по храна.

Садистичката двојка знаеле да нарачаат храна и потоа да ги натераат децата да ги гледаат како јадат. Тие биле прогласени за виновни за повеќекратни прекршоци за занемарување на децата во Судот на Дурам. Хадвин бил обвинет и по три точки за силување малолетничка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сè повеќе мажи во Германија немаат деца

Сè поголем број мажи во Германија немаат…

Млитава Европа: Децата и адолесцентите во сè…

Децата и адолесцентите во Европа не достигнуваат…

Британски агенции ги предупредуваат родителите да не…

Британската агенција за борба против криминалот  и…

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…

Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…