Објавено на:

Мајката на момчето убиец од „Рибникар“ ја негирала вината: Бурно на судењето, татковците на убиените девојчиња ја напуштиле судската сала

t

Миљана Кецмановиќ (46), мајката на момчето убиец кое на 3 мај минатата година уби девет ученици и обезбедување во ОУ „Владислав Рибникар“, денеска за прв пат по злосторството во Високиот суд во Белград.

Според „Блиц“, Миљана Кецмановиќ на почетокот на излагањето на одбраната ја негирала вината за делата за кои била обвинета.

Како што понатаму сец наведува во написите, таа изјавила и дека нема да одговара на прашањата на адвокатот, и дека ќе дава одговори само на прашањата на оштетените. Досега прашањата ги поставуваа Обвинителството и одбраната на обвинетиот.

За време на паузата родителите на убиените деца ги запишале своите прашања на хартија.

Мајката на момчето убиец денеска пристигнала во судницата во придружба на своите адвокати, а на судењето присутни се и родителите на убиените деца.

Во првиот дел од судењето татковците на Ангелина Аќимовиќ, Андријана Дукиќ и Мара Анѓелковиќ од непозната причина ја напуштија судницата, а на паузата сите ја напуштија судницата освен Миљана Кечмановиќ, пренесува медиумот.

Според обвинителството, мајката на момчето убиец е обвинета за кривични дела – недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи.

За Миљана Кецмановиќ обвинителството предложи затворска казна од 2 години и 6 месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватските студенти и средношколци ја бојкотираат наставата,…

Учениците во средните училишта и студентите во…

Велика Британија ги ажурираше фрижидерите за да…

Британска операција за сајбер безбедност ја среди…

СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе…

СДСМ и коалицијата со амандмани на Предлог-буџетот…

До 200.000 евра казни за нефер трговски…

Десеткратно повисоки казни, во висина и до…

Отпушок од цигара предизвика пожар во ГОБ…

Избувна пожар во Одделот за ортопедија во…