Мајката на 4 годишното девојче хоспитализирано во тешка состојба, осомничена за запуштање и малтретирање на дете
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка осомничена за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 3 од Кривичниот законик.
-Осомничената, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината 4-годишна ќерка, грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување, ја запуштила и дозволила детето да се оддаде на питачење, што штетно влијаело на неговиот развој, здравје и лична безбедност. Поради тоа настапило тешко нарушување на здравјето на детето, кое во тешка здравствена состојба на 17.01.2024 година било најпрво примено во ЈЗУ Општа болница Струмица, а потоа хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје, информираат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител продолжува да постапува и го очекува вештиот наод од Институтот за судска медицина во поглед на причините за настанатите повреди кај девојчето. По барање на јавниот обвинител, Центарот за социјални работи постапи согласно своите надлежности за обезбедување заштита на другите три деца од семејството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Кочани засадени лалиња во чест на…
Во симболична акција денеска во Алејата на…
Мајка добила закани од сопствениот син
На 28.11.2026 во 22:30 часот во Велес,…
Шпански медиуми: Историска излезност на предвремените парламентарни…
Шпанските медиуми известуваат дека до 14:00 часот,…
Снегот престана да паѓа, патиштаата се проодни,…
Снежните врнежи предизвикаа проблеми во повеќе општини,…
Пропаднаа преговорите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот –…
Преговорите за формирање влада на национално единство…