Мајка бежанија… Франција го заврши повлекувањето на војниците од северната база во НигерМајка бежанија…
Франција денеска го заврши повлекувањето на војниците од северната база во Нигер како дел од планираното заминување од западноафриканската земја каде воената хунта изврши државен удар во јули.
Речиси 200 војници, 28 камиони и дваесетина оклопни возила ја напуштија воената база Уалам, изјави портпаролот на хунтата.
Повлекувањето на Франција се очекува да заврши до крајот на годината. Околу 1.500 француски војници оперираат во Нигер, кои ја обучуваат армијата и спроведуваат заеднички операции.
Соопштението дојде неколку недели откако францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Франција ќе го прекине военото присуство во Нигер и ќе го повлече својот амбасадор од земјата како резултат на пучот со кој беше соборен демократски избраниот претседател Мохамед Базум.
Базум речиси три месеци е во домашен притвор со сопругата и синот, а хунтата му ги исклучила струјата и водата.
Адвокатот на Базум денеска изјави дека викендов еднаш успеал да разговара со затворениот претседател, кој му рекол дека е добро, но дека веќе нема редовен контакт со него. – Тој е дома, неговиот лекар можеше да го посети и тој е здрав. Но, ние веќе немаме директен контакт со него бидејќи нивните телефони се одземени”, изјави Рид Броди, американски адвокат во тимот на Базум.
Во месецот откако хунтата ја презеде власта, насилството поврзано со екстремистите се зголеми за повеќе од 40 отсто, според Проектот за податоци за локации и настани за вооружени конфликти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп подготвува укинување на околу 200 илјади…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува…
Топло до 38 степени, а потоа невреме:…
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и…
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…