Мајка и дете загинаа откако тоа падна од траект, а таа се фрли по него да го спаси
Седумгодишно дете загина откако падна од патнички траект во Балтичкото Море, соопшти полската полиција додавајќи дека настрадала и мајката на детето, која скокнала во водата по него. Портпаролот на полицијата, Мариуш Цијарка, изјави дека не било можно да се спасат нивните животи.
Двете жртви се државјани на Полска, пренесе АП.
Портпаролот на Шведската поморска управа, Јонас Францен, истакна дека трагедијата се случила вчера, кога детето паднало во вода, а мајката решила да скокне по него. Тој рече дека детето паднало од висина од околу 20 метри.
Мајката и детето се превезени одделно со хеликоптер во болницата во Карлскона.
Во спасувачката операција помогнаа бродови и хеликоптери од Шведска и единици на НАТО кои беа во областа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах се подготвува за нов судир: Иран…
Либанскиот Хезболах ја искористил паузата во големите…
НЕОФИЦИЈАЛНО ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЛОЗОВО, АЛЕКСАНДАР…
Дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија СДСМ во…
Пукна балонот – Избришани 480 милијарди долари:…
Кинескиот технолошки пазар се соочува со остар…
Шилегов до раководството на СДСМ: Компарирање на…
Членот на СДСМ кој изразува незадоволство од…
Белата куќа: САД нема да го нападнат…
Соединетите Американски Држави нема да извршат напад…