Мајка на дете кое загина во пожарот во Кочани одговори на обвинувањата дека протестите се политички: Засрамете се, останавме без деца. Имате ли срце?
Стојка Иванова-Антова, која во јавност е позната како единствена жена пожарникар во Кочани, а е мајка на загинатата Ивона Антова во „Пулс“ одговори на коментар на социјалните мрежи дека протестот на мајките е политички. Откако извесна Лидија напишала „Жално за децата, очигледно одбивањето да се сретнат со премиерот, протестот е во политички правец“, Антова напиша:

„Да не си во наша кожа, па терај ја нашата политика, срамота, и вие сте жени, мајки, немате ли малку срце и друга работа, освен да коментирате. Нашите деца кои ги убија кои се закопани, сѐ од Македонија и од сите политики, и не ги прашаа од која партија се па да ги убијат. Засрамете се и вие нѐ замарате и ни ставате дополнителни стресови и нервози. Останавме без деца еј, без деца сме, сега нашите деца ќе бидат, утре вашите“, напиша Антова како одговор на коментарот.

Мита Тасева, мајката на загинатиот диџеј Стефан Тасевски, пак ги праша: „Дали овде пишува политика или смрт“, објавувајќи фотографија од гробот на своето дете.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва тврди дека погодила трговски брод во…
Руските вооружени сили попладнево продолжија со координирани…
Силно невреме во Италија, жена загина во…
Невремето што од вчера ја погодува Италија…
Врнежи, ветер и заладување за време на…
Под влијание на циклонска активност за време…
Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат
Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…
(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…
Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…
