Мајка со нож ја избодела 6-годишната ќерка
Шестгодишно девојче од Ниш, итно е пренесено во болница со убодни рани, откако нејзината 20-годишна мајка со нож ја избодела во грбот, пренесува Блиц. Дваесетгодишната мајка на три деца од околината на Ниш вчера трипати со нож си ја избодела 6-годишната ќерка откако надлежниот Центар за социјална работа наводно се обидел привремено да и ги одземе преостанатите две деца, бидејќи третото дете е веќе во згрижувачко семејство. „Службениците од надлежниот Центар за социјална работа дојдоа да преземат две деца кои требаше да бидат однесени во згрижувачко семејство.
Со оглед на тоа дека нивната мајка, која инаку е долгогодишен зависник, и покрај сите предупредувања и шанси што наводно ги добивала од надлежните, не го поправила однесувањето, се решиле на таков чекор. Имено, кога ги здогледала вработените работници во Центар, жената целосно го изгубила умот, со закани, пцовки и агресивно однесување, грабнала нож и го расекла своето 6-годишно дете по грбот“, велат очевидци. Истрагата е во тек и ќе се утврдат сите детали за ова кривично дело. Мајката била приведена и задржана во притвор, а девојчето итно било пренесено во болница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…