МВР во акција: Се проверувааа и обложувалници
Во текот на вчерашниот ден (05.10.2022), во периодот од 12.00 до 16.00 часот, од страна на сите сектори за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, како и контроли на лица и спортски обложувалници.
При контролата, санкционирани се 68 возачи, од кои двајца за вршење јавен превоз без лиценца, по член 284 – а од Кривичниот законик. Притоа, 38 возила на територијата на СВР Велес и СВР Штип се упатени на вонреден технички преглед.
При контролите констатиран е еден прекршок по Законот за игри на среќа на територија на СВР Куманово, а кај малолетно лице на територија на СВР Скопје бил пронајден и одземен остар предмет, при што лицето заедно со неговиот родител се приведени во Полициска станица Карпош за понатамошна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…
ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…
Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…