МВР го потврди пукањето кај Смилковско езеро!
Инфомакс дознава дека денес се случило пукање во скопско во близина на Смилковското езеро. Според очевидци биле испукани неколку рафали од автоматско оружје.
Од МВР го потврдија случајот информирајќи дека инцидентот го пријавил граѓанин кој ловел риба на езерот.
-Денеска (24.10.2024) во 13.25 часот во СВР Скопје граѓанин пријавил дека додека ловел риба на Смилковско езеро, забележал три лица како излегле од патничко возило „пежо 106“ и едното од нив извадило огнено оружје со кое испукало неколку истрели во воздух. Потоа, лицата со возилото го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Илустрација
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НА…
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…
Песков се согласува со Трамп: Украина веќе…
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше…
Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се…
Цените на нафтата се намалија денеска откако…
Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на…
„Добар ден на сите, би сакал да…
ЈО за отворање случај за Алта банка:…
Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на…