МВР: Гужвите на „Табановце“ се поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.
Како што стои во соопштението, граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба.
Oд Авто мото сојузот на Македонија утринава информираа дека на граничните премини „Табановце“ за влез во земјава и на „Богородица“ за излез кон соседна Грција се чека по половина час.
Поради летните одмори, гужви на овие гранични премини имаше и вчера.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОН: Бројот на жаришта на глад во…
Бројот на области чие население е загрозено…
Дојче веле за уредникот на Информер: „Претепајте…
Со години навредувал, таргетирал и поттикнувал пресметка…
ВЛЕН: Тирана ги поддржа напорите за албанскиот…
Коалицијата ВЛЕН соопшти дека албанскиот јазик треба…
Ердоган го ратификува договорот за заедничка одбрана…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган официјално го…
Турција го суспендира безвизниот режим за граѓаните…
Со указ на турскиот претседател Реџеп Таип…