МВР доби налог да го обезбеди чествувањето за Гоце Делчев на 4 февруари
Налог за зголемено обезбедување на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 4 февруари добило Министерството за внатрешни работи од страна на Владата. На вчерашната седница Владата донесе и заклучоци во врска со одбележувањето на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев.
-Задолжено е Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно со препораките од надлежните служби соопштени на вчерашната седница на Советот за безбедност. Делегацијата, којашто во име на Владата ќе присуствува во црквата Свети Спас во Скопје и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе биде составена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, се наведува во владиното соопштение.
Советот за безбедност завчера препорача надлежните институции да преземат мерки за спречување на какви било несакани настани на 4 февруари и да им се забрани влез на бугарски државјани кои се, како што рече, претседателот Стево Пендаровски, поврзани со руските разузнавачки служби. Сепак одлука, за забрана за влез на европратеникот Џамбаски, барем според соопштението на Владата, не беше донесена. По седницата на Советот за безбедност Пендаровски рече дека се очекува на 4. февруари организирана група од Бугарија да пристигне во земјава на одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Групата ќе има за цел нарушување на безбедноста со цел дестабилизација на земјата и на односите со Бугарија. Претседателот рече дека ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки од границата, се до гробот на Гоце Делчев.
-Според достапните анализи и сознанија на надлежните органи се работи за органзирани активности од стана на структури во соеседна Бугариј кои се активирани особено по усвојувањето на европската преговарачката рамка во јули, минатата година. Истите овие структури, се веќе мобилизирани и логистички и финансиски за да го поддржат организираното доаѓање во Скопје на повеќе лица на 4 февруари кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев. Според сите проценки тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи несмеат нема да бидат само неми набњудфувачи на тоа што ќе се случува, рече Пендаровски.
Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“ ги повика сите Бугари да ја прослават 151-годишнината од раѓањето на Делчев. „Фондацијата Македонија ги поканува сите Бугари, бугарските политички партии и невладини организации заедно да прославиме 151 година од раѓањето на бугарскиот национален револуционер Георги Делчев во Скопје. На 4 февруари (сабота) во 12 часот по локално време (13 часот бугарско).
-Обезбедивме превоз со автомобил за оние кои сакаат да дојдат. Повелете масовно во Скопје да го прославиме сите заедно нашиот народен херој Георги Делчев, се вели во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…
„Њујорк тајмс“ за студентското движење во Србија:…
Студентското движење во Србија успеа да го…