МВР една и пол година ги истражува злоупотребите во Институт за јавно здравје во времето на Шабан Мехмеди

t

Една и пол година трае истрагата на полицајците од секторот за организиран криминал во рамките на предметот за евентуалните финансиски малверзации во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот кога на негово чело беше Шабан Мехмеди, кадар на ДУИ. Новото раководство на Институтот вчера на прес конференција откри дека уште во јануари минатата година добиле барање за доставување на документација поврзана со финансиското работење и спроведените тендери. Документацијата во Бирото за јавна безбедност (БЈБ) е доставена во три наврати, во март, мај и во септември минатата година и предадена на инспектори од одделот за економски криминал а според официјалните информации предметот се уште е во предистрага и не е доставено ништо до Обвинителството.

„Од страна на Институтот за јавно здравје, до Министерството за внатрешни работи пријавени се неправилности во работењето во Институтот за што е доставена соодветна документација. Од страна на надлежните организациски единици во Министерството е оформен предмет по кој се постапува согласно законските надлежности“, велат од МВР.

Според информациите на „Телма“ дел од заклучоците во ревизорскиот извештај како и голем дел од тврдењата на директорката Андоновска се тие што полицијата ги испитува од јануари минатата година.

На вчерашната прес конференција директорката Андоновска соопшти дека откриле лица кои шест години воопшто не оделе на работа а примале плати бидејќи други службеници во Институтот за надомест од 200 евра месечно ги евидентирале во електронскиот систем.

„Дел од нив се заминати. Најголем дел си заминаа сами бидејќи практично си имаа други работни обврски. Едно дваесет проценти од Институтот не доаѓале на работа. Или пак доаѓале многу малку време се задржувале и си заминувале. Дваесет, триесет, четириесет луѓе? Па отприлика од триесетина луѓе не доаѓале на работа а уште дваесетина си се шетале во текот на денот“, рече др Марија Андоновска, директор на ИЈЗ.

Покрај тоа Андоновска обвини за сомнителни тендери над дозволената граница и уште по сомнителни исплати на плати и награди без воспоставен систем , исплата на бонуси без основ, картички за точење гориво кај лица кои што воопшто не работеле во ИЈЗ, десетици лап топ компјутери и телефони на кои им се губи траг како и за компјутерската опрема кој била набавувана била со различна спецификација, послаба од платената но никој не реагирал.

Екс директорот Мехмеди отфрли голем дел од обвинувањата на Андоновска и обвини за партиска чистка и реваншизам во Институтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР една и пол година ги истражува…

Една и пол година трае истрагата на…

Муцунски: Во овој момент не постојат услови…

Јасна евроатлантска ориентација со цврсти ставови Министерот…

Унгарија ги одобри преговорите за членство на…

По постигнатиот договор со Украина на амбасадорско…

Се урна авион во Хрватска, има загинати

Трагична авионска несреќа се случи денеска во…

Почина македонскиот балетски уметник и кореограф, Хазарос…

Националната опера и балет објавува дека починал…