МВР за еден ден регистрира три случаи на насилство врз жени
Во СВР Скопје завчера во 23.50 часот 40-годишна жена од Кавадарци, со живеалиште во Скопје пријавила дека околу 18.00 часот во продажно место на подрачјето на Драчево во Скопје, додека била на нејзиното работно место, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Р., кој употребил тврд предмет.
Полициски службеници од ОВР Радовиш истиот ден го привеле У.Ш. (65) од Радовиш, по претходна пријава затоа што истиот ден околу 21.00 часот физички ја нападнал неговата поранешна 57-годишна сопруга во нејзиниот дом.
И во СВР Куманово истиот ден жена од кумановско село пријавила дека претходниот ден околу 19.15 часот во семејната куќа била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.В.(71).
„По целосно документирање на сите три случаи ќе следува соодветен поднесок“, информира полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…