МВР: Изборниот процес помина во безбедна, мирна и демократска атмосфера, без поголеми инциденти

t

Изборниот процес помина без пречки и поголеми инциденти. Во текот на денешниот ден евидентирани се вкупно 12 случаи на фотографирање на гласачкото ливче, два случаи на кинење на гласачкото ливче, шест пријави за нудење поткуп и 15 пријави за агитирање на гласачко мести. Не се евидентирани други посериозни инциденти и нарушување на регуларноста на изборниот процес, информираа техничкиот министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер Митко Бојмацалиев.

Изборниот ден, Тошковски оцени дека поминал во безбедна, мирна и демократска атмосфера.

-Овие избори беа уште еден тест за демократијата и во таа насока, сакам да им честитам на граѓаните кои излегоа и ја исполнија својата граѓанска должност и со тоа уште еднаш го истакнаа демократскиот капацитет на државата и значењето на нивната активна улога во градењето на инклузивно општетсво – порача Тошковски.

На подрачјето на СВР Скопје, во врска со пријава за испукана димна бомба, Тошковски информира дека од страна на тимот за антитероризам извршена е проверка и подигната е направата.

– Врз основа на претходно поднесени пријави од МВР констатирани се шест прекршоци по член 190 од Изборниот законик, а ќе бидат поднесени и две кривични пријави – една за повреда на тајност на гласањето по член 163 од КЗ и една за повреда на избирачко право, казниво по член 159 од КЗ – изјави Тошковски.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, изрази благодарност за директорот Сашо Тасевски, кој раководел со централниот штаб и подштабовите на ниво на република, кои во изминатиот период ги собрале сите потребни оперативни информации за денот на гласањето да помине во одлична демократска атмосфера.

– Благодарност до граѓаните, македонската полиција, медиумите и сите за се што направивте денешниот ден да помине во фер, демократска и слободна атмосфера – изјави Бојмацалиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го обвини Бајден дека раководел со…

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го обвини…

Ковачевски: Повикуваме на општа мобилизација на сите…

„Иднината на Македонија е во Европската Унија,…

(Видео) Венко Филипче и Благој Бочварски возеа…

Венко Филипче и Благој Бочварски возеа по…

Ристовски во Шуто Оризари: Да ја сопреме…

Носителот на листата во ИЕ2 на Коалицијата…

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните,…

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот…