МВР и Службен весник се дигитализираа – електронски ќе се пријавуваат изгубени или украдени лични документи

t

Секторот за информатичка технологија при Министерството за внатрешни работи изработил дигитална платформа за размена на податоци за објавување на изгубени или украдени документи кои треба да бидат објавени во Службен весник.

МВР соопшти дека веб-решението е во насока на зголемување на ефикасноста и брзата размена на податоци меѓу институциите и во рамки на дигитализацијата на процесите и услугите за граѓаните „кои треба да резултираат со побрзи и поефикасни услуги и заштеда на времето на граѓаните кога имаат потреба од услугите на МВР“. 

-Со ова решение, досегашната практика на размена на податоци помеѓу МВР и Службен весник по пат на електронска пошта се укинува и врз основа на потпишаниот договор помеѓу МВР и Службен весник, преминува на националната платформа за интероперабилност. Со овој унапреден начин на работа, Службен весник на дневно ниво автоматски ќе ги презема пријавените изгубени или украдени документи, со цел нивно објавување за неважечки документи, информира МВР.

Појснува дека по нивното објавување, МВР на ист начин, преку националната платформа за интероперабилност, автоматски ги презема објавените неважечки документи од страна на Службен весник и ги ажурира во интерниот систем, со цел граѓаните побрзо да извадат нов документ. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР и Службен весник се дигитализираа –…

Секторот за информатичка технологија при Министерството за…

Мицкоски: Ќе развивам армијата, Капацитетите на Армијата…

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска беше на презентација…

По шест години порибено Охридското Езеро со…

По шест години повторно порибено Охридското езеро…

Марта Кос ги осуди нападите врз граѓани…

Европската комесарка за проширување Марта Кос ги…

Делегациите на Путин и Трамп, сместени во…

Поради големите гужви во Енкориџ пред самитот…