По шест години порибено Охридското Езеро со пасртмка преку вештачки мрест

t

По шест години повторно порибено Охридското езеро со подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка, одгледан во мрестилиштето на Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Се работи за здрав подмладок со тежина од 3,5 грама од единка, собран зимата по пат на вештачко измилзување на пастрмката и огледан во капацитетите за мрест на Заводот. Ова е активност што се спроведува според договорите и програмата од 2024 година, што предвидуваа порибување на езерото со 400 илјади парчиња подмладок одледан во Хидробиолошкиот завод и 200 илјади единки обезбеден од мрестилиштата на Институтот за сточарство, појасни министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој присуствуваше на пуштањето на подмладокот во езерото.

„Иако договорениот минумум беше 400 илјади, во Хидробиолошкиот завод се одгледани 620 илјади единки, што е показател дека по шест години продолжуваме да го порибуваме езерото со националното богатство, а тоа е охридската пастрмка“, рече Трипуновски.

Веќе се склучени и новите договори за порибувањето на Охридското Езеро за 2026 година, со зголемување на средствата обезбедени за таа намена.

„Согласно договорот, за Хидробиолошкиот завод издвоени се 3,3 милиони денари, а за Институтот за сточарство 1,7 милиони денари. Вкупниот број одгледани риби од Заводот треба да бидат најмалку 1,1 милион единки, додека Институтот 570 илјади единки. Тоа значи дека езерото нардната година треба да биде порибено со најмалку 1,6 милиони едински подмладок пастрмка“, рече Трипуновски.

Порибувањето на езерото е редовна активност на Министерството, во рамки на обврската што согласно Законот за рибарство и аквакултура ја има државата за порибување на рибoловните води и риболовната основа изготвена од надлежните овластени институции. Вештачкиот мрест и порибувањето на езерото го вршат Хидробилошкиот завод од Охрид и Мрестилиштето „Шум“ од Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…

Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…

„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…

„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…

На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…

На 8 ноември 1906 година, во штипско…

Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…

Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…

148 години од раѓањето на Чупоски: „Ние…

„Вие само ќе треба да му кажете…