МВР: Кај тројца жители на Општина Чашка е пронајдено оружје
Денеска полициски службеници ги уапсија М.З.(86) и 41-годишната М.З., двајцата од село Долно Јаболчиште, Општина Чашка.
При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка ,,Бајкал”, ловечка пушка ,,Црвена Застава”, карабин ,,Хемерлес”, два оптички нишани за пушка, оружје за светлосна и звучна сигнализација, пиштол ,,ЦЗ- 99″, 146 куршуми различен калибар, 21 ловечки патрони, две рамки за пиштол, карабин ,,Црвена застава”- расклопен на делови и карабин без ознаки.
Лицата се приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес и во домот на Џ.З.(44) од село Долно Јаболчиште, општина Чашка, каде биле пронајдени и одземени ловечка пушка ,,Бајкал” и 20 патрони за пушката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Денес се празнува Крстовден – Воздвижение на…
На овој ден се празнуваат два настани…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе…
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…