МВР му поднесе кривична пријава на поранешниот градоначалник на Радовиш
Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Г.К.(65), К.С.(66), Р.С.(53) и С.П.(37), сите од Радовиш, поради постоење на сомнение дека Г.К., К.С. и Р.С сториле кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ по член 275-в од Кривичниот закон, а С.П. поради тоа што со своето стручно знаење им помогнал, со што и самиот сторил кривично дело по член 24, а во врска со член 275-в став 3 од Кривичниот закон.
Осомничените Г.К., К.С. и Р.С., како вработени во Општина Радовиш во 2020 година презеле дејствија во рамки на нивните надлежности, по што бил склучен договор базиран на невистинита документација за воспоставување на јавно-приватно партнерство за реконструкција на јавното осветлување во општина Радовиш, преку воведување мерки за енергетска ефикасност, а С.П., како надворешно лице, со стручни совети им помогнал во манипулирање на податоците во физибилити студијата, изготвена за тој договор. Врз основа на вака склучениот договор Општина Радовиш е обврзана за осум години да исплати сума во износ од 104.667.215 денари (без ДДВ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…