МВР му поднесе кривична пријава на поранешниот градоначалник на Радовиш

t

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Г.К.(65), К.С.(66), Р.С.(53) и С.П.(37), сите од Радовиш, поради постоење на сомнение дека Г.К., К.С. и Р.С сториле кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ по член 275-в од Кривичниот закон, а С.П. поради тоа што со своето стручно знаење им помогнал, со што и самиот сторил кривично дело по член 24, а во врска со член 275-в став 3 од Кривичниот закон.

Осомничените Г.К., К.С. и Р.С., како вработени во Општина Радовиш во 2020 година презеле дејствија во рамки на нивните надлежности, по што бил склучен договор базиран на невистинита документација за воспоставување на јавно-приватно партнерство за реконструкција на јавното осветлување во општина Радовиш, преку воведување мерки за енергетска ефикасност, а С.П., како надворешно лице, со стручни совети им помогнал во манипулирање на податоците во физибилити студијата, изготвена за тој договор. Врз основа на вака склучениот договор Општина Радовиш е обврзана за осум години да исплати сума во износ од 104.667.215 денари (без ДДВ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Грците да бидат спокојни: Сиљановска ќе…

кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска…

Полицијата со полни раце работа: Уапсени повеќе…

На 05.04.2024 во 17.35 часот на подрачјето…

Началник на српско МВР: Главниот осомничен не…

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Нинослав…

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став…

На почеток на кампањата за претседателските избори…

(Видео) Над 4.000 лица евакуирани откако пукна…

Над 2.000 станбени згради се поплавени во…