МВР: Пет лица фотографирале гласачко ливче на избирачко место

t

Од МВР информираат дека фотографирање гласачко ливче, покрај случаите во Охрид и Берово, било регистрирано и двапати во Скопје и еднаш во Радовиш

Две лица се приведени во полициските станици во Охрид и во Берово откако биле пријавени дека на избирачко место фотографирале гласачко ливче.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека фотографирање гласачко ливче, покрај случаите во Охрид и во Берово, било регистрирано и двапати во Скопје и еднаш во Радовиш.

Оттаму велат дека во текот на денешното гласање, покрај настаните за кои на прес-конференција информирал помошникот министер за односи со јавност Тони Ангеловски, биле регистрирани пет настани кои се случиле на избирачките места, а на кои биле фотографирани гласачки ливчиња.

„Во 11:10 часот е пријавено дека во селото Коџалија, Општина Радовиш, на избирачко место број 1602, С.А. од село Коџалија го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во 12:15 часот е пријавено дека на избирачко место број 2683/1 во Скопје, А.С. (40) од Скопје го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во 13:57 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје, С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок“,

соопштија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професионалните војници со навршени 45 години ќе…

Реформа во Армијата трајно се решава статусот…

Галибаф до Вашингтон: Немаме ништо ново да…

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф,…

(Видео) Еди Рама постави столици пред Владата…

Албанскиот премиер Еди Рама ги покани студентите…

Денес нови протести во Тирана, камења кон…

Денес во Тирана, полицијата употреби солзавец и…

Мицкоски: Случајот „Михаилова“ не заслужува посебно внимание

Навредливите коментари на бугарскиот министер за внатрешни…