МВР поднесе кривична пријава за градоначалникот на Делчево – Трајковски најави кривична за МВР за „лажните и конструирани пријави“ откако ќе ја докаже исправноста пред суд!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 став 3 и 1 , а во врска со член 45 од
Кривичниот законик.
Пријавениот, градоначалник на општина Делчево, на 11.04.2019 склучил договор за јавна набавка на стоки – набавка и испорака на резервни делови, прибори и масла за возниот парк за потребите на општина Делчево со важност од 13.06.2019 до 12.06.2020, во кој договор во спецификацијата била понудена нереално ниска цена, за 16 пати пониска од другите двајца понудувачи.
Од комисијата за јавни набавки на пријавениот Г.Т. му било укажано за невообичаено ниските цени и согласно член 163 став 1 од Законот за јавни набавки бил должен од економскиот оператор побара дополнително појаснување за таквите невообичаено ниски цени и согласно член 169 став 1
точка 4 и 5 од Законот за јавни набавки да го поништи таквиот оглас за јавна набавка. Но, и покрај тоа пријавениот ги пречекорил границите на службената должност со неизвршување на службената должност, фаворизирал и овозможил на правно лице од Делчево да го добие договорот за јавна набавка на стоки – делови за моторни возила за потребите на општина Делчево.
По склучување на договорот, пријавениот наместо да обезбеди правилно и законски користење на средствата на општината и да ги набави деловите со невобичаено ниска цена, не извршил набавка на таквите делови, а извршил набавка и плаќање на сите останати стоки наведени во тендерската
документација кои биле со повисоки цени од понудите на другите двајца понудувачи и на тој начин му озовможил на правното лице да се стекне со противправна имотна корист на штета на општина Делчево во износ од 222.760 денари.
Градоначалникот Горан Трајковски во изјава за Инфомакс вели дека се работи за конструиран случај бидејќи власта се плаши дека повторно ќе биде кандидат за градоначалник на локалните избори.
– Тоа е исконструирано. Имало три фирми на тендерот, тендерот од првичната понудена цена паднал за 200.000 денари. Комисијата одлучува по основ на сите јавни набавки и сите документи поврзани со јавните набавки. Се плашат од мене ако бидам кандидат за претстојните локални избори и затоа конструираат кривични пријави, за да ме девалвираат пред јавноста. Уверен сум дека ќе ја докажам мојата исправност пред надлежните институции и потоа јас ќе им поднесам кривична пријава поради лажни и конструирани пријави, вели Трајковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Детали: Новинари на ТВ 21 повикани…
Попладнево во полициска станица во Центар, на…
(ДОКУМЕНТ) Еве министре, документ – образец согласно…
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, на Фејсбук…
(Во живо) Пивоваров: Целосно потфрлање на органите…
Ова е целосно потфрлање на органите на…
(Видео) Тошковски: Дискотеката немала лиценца! Приведени се…
Приведено е едно лице кое е организатор…
Кој дал дозвола за пиротехника во „Пулс“?…
Страшната трагедија во Кочани, во која загинаа…