МВР поднесе пријава за момците кои качени на хауба се возеа по скопските улици
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во врска со видеото кое вчера започна да кружи на социјалните мрежи на кое се гледа како група момци се движат по булеварот „Партизански одреди“ качени на хауба, момците се пронајдени и со нив е извршен службен разговор, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
(Видео) Тресе Панче… Качен на хауба „фарма аура“ – опасен тик ток тренд по скопските улици
Според МВР, возачот на возилото бил од Скопје, на возраст од 20 години и возилото го управувал без возачка дозвола, а добил и казна за управување возило без регистарски таблички. Исто така, санкциониран е и 19-годишникот кој стоеше на хаубата додека возилото беше во движење.
„Против возачот С.З. (20) од Скопје по член 167 став 2 (поради превезување лице на надворешните делови од возилото) и член 225 став 9 (возење без возачка дозвола) од ЗБСП и член 26 став 10 од Законот за возила (управување возило без регистарски таблици), како и против лицето што стои на хауба Р.Ѓ. (19) од Скопје по член 317 став 14 (му дал да управува возило на лице без возачка дозвола) и член 165 став 2 (прави дејствија со кои ја загрозува својата безбедност), информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски: Веруваме дека во рамките на нашите…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…
Какви симптоми имал починатиот маж од западно-нилска…
Маж од Скопје на возраст од 83…
Месечината го покри Сонцето: Ретка небесна глетка…
Спектакуларна целосна соларна еклипса беше фотографирана на…
Му се слошило додека пешачел – Маж…
На 11.08.2026 година во 12:50 часот во…
(Видео) Трамп игра голф опкружен со војска…
Американскиот претседател Доналд Трамп последниве недели на…