МВР потврди: Ексминистерот Николовски бил на разговор во Единицата за економски криминал и корупција
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, бил повикан на информативен разговор во полициска станица на 7 мај, потврдија од Министерство за внатрешни работи.
Според МВР, Николовски бил повикан по наредба на Основно јавно обвинителство во СВР Скопје – Единица за економски криминал и корупција.
– Во тек се активности, по што соодветно ќе ја информираме јавноста – соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Николовски денеска реагираше преку објава на социјалните мрежи, тврдејќи дека случајот не се однесува на прекршување на Законот за јавни набавки ниту, пак, на пријава од земјоделци.
Тој оцени дека станува збор за „монтиран случај“, чија цел, според него, е да се оттргне вниманието од, како што наведе, „вистинските прашања“.
– Криминалот не се покрива со монтирани случаи. Неспособноста не се крие со напади врз туѓите успеси – напиша Николовски на „Фејсбук“, заблагодарувајќи им се на земјоделците, винарите и производителите за поддршката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 11 загинати во лавина на планина…
Најмалку 11 лица загинаа, а шест се…
ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за…
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ќе се…
Путин повлекува нова црвена линија: Москва ги…
Русија, според извори блиски до Кремљ, кои…
Голем договор меѓу Русија и Кина: Потпишани…
Русија и Кина ќе продолжат да ја…
Водата за пиење во Скопје е безбедна…
Водата за пиење во Скопје е безбедна…