МВР потврди: Запалено возило на полициски инспектор во Виница
Рано утрово околу 2 часот и 24 минути е запалено возило на полициски инспектор во Виница, дознава Инфомакс.
Возилото, според нашите информации е марка ауди, а службеникот е вработен во ОВР Виница како инспектор за економски криминал.
Пред малку пристигна и потврда од МВР за настанот.
-Денеска (29.08.2024) во 02.45 часот во ОВР Виница М.Ѓ.(36) од Виница пријавил дека во Виница било опожарено неговото патничко возило „ауди“, со винички регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Виница. Повредени лица нема. Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…