Објавено на:

МВР со алармантни податоци – 191 кривично дело за семејно насилство за еден месец

t

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на мај 2026 година се регистрирани 191 кривично дело поврзано со семејно насилство, што претставува зголемување од 70,5 проценти во споредба со истиот месец лани.

Според податоците на МВР, најголем дел од пријавените дела се однесуваат на телесна повреда, вкупно 130 случаи, како и 52 случаи на загрозување на сигурноста. Во текот на месецот е регистрирано и едно убиство поврзано со семејно насилство на подрачјето на СВР Битола, како и две тешки телесни повреди.

Најголем број случаи се евидентирани на подрачјето на СВР Скопје, каде што биле пријавени 62 кривични дела.

Во мај биле поднесени 137 кривични пријави, што е за 71,3 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година. Мерки на кривичен прогон биле преземени против 144 сторители, а како жртви се евидентирани 143 лица.

По брза постапка биле поднесени 18 кривични пријави, за 15 лица е одреден притвор, а за 48 се изречени мерки на претпазливост. Во споредба со мај 2025 година, бројот на кривични пријави поднесени по брза постапка е зголемен за 800 проценти.

Во текот на месецот биле регистрирани и 19 прекршоци поврзани со семејно насилство, најчесто за физички напад и нарушување на јавниот ред и мир, како и 499 поплаки од граѓани, најмногу на подрачјата на СВР Скопје и СВР Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професор во средно училиште во Кичево натепал…

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…

Пендаровски: Во протоколите со Бугарија никаде не…

Владејачката коалиција и владејачката партија се заплеткаа…

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на…

Во периодот јануари – март годинава во…

Мицкоски со честитки до Јанша: Македонија и…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил телефонски разговор…

Спасовски: Застојот кон ЕУ не е последица…

Пратеникот и поранешен министер Оливер Спасовски оцени…