Објавено на:

МВР со апел до матурантите: Без автомобил, алкохол и дрога на матурската вечер!

t

На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“ – велат од МВР.

„Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот.

Одговорноста за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е првенствено кај младите, но и кај нивните родители.

Не дозволувајте им на своите деца да одат на матурска прослава со автомобил. Грешките во сообраќајот може да бидат фатални. Затоа: „На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“ – се вели во апелот на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радовишанец им се заканувал на вработени во…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…

Трамп му нареди на Министерството за правда…

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…