МВР со детали за вчерашната трагедија во која загинаа две лица откако со автомобил излетаа од пат и паднаа во реката Радика

t

Во Полициската станица Гостивар вчера во 13.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, на место викано „Скудрински мост“, патничко возило „југо“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(63) од с.Житинени, излетало од коловозот и паднало во р.Радика.

На местото на несреќата починале возачот и сопатничката М.Р.(60).

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите биле предадени на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан маж ја нападнал сопствената мајка во…

На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на…

Оружје и голема количина кокаин најдени во…

Вчера во периодот од 15:00 до 16:30…

За шест часа санкциониран 541 возач за…

Вкупно 541 прекршок за управување возило со…

Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка…

На 15.10.2026 околу 15:45 часот во СВР…

Регистрирал возила, а парите си ги ставал…

Од МВР поднесоа нова кривична пријава поради…