МВР со детали за денешните дојави за бомби: Освен на училишта во Скопје и Куманово, “бомбашите” се заканувале и на професори!

t

МВР открива детали за денешните дојави за бомби во Скопје и Куманово.

Во одговор на прашање на Инфомакс од МВР велат дека дојави за бомби имало во 16 училишта во Скопје и две во Куманово.

– Денеска (16.02.2023) е пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и две училишта во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, закана била упатена и на приватни меилови на 9 професори од истите училиштата.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Меѓу училиштата во кои имало дојави за бомби се основното училиште „Владо Тасевски“ во Карпош, гимназиите „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“ како и „Раде Јовчевски Корчагин“, а според нашите информации и училиштето “Вера Циривири Трена” во близина на ФИНКИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…

Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…

МВР најави зголемена употреба на дронови за…

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…

МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…

Од МВР информираат дека е поднесена кривична…

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…

Голема полициска акција: Претреси на над 40…

Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…