МВР со детали за пожарот во Карпош: изгореа „ауди“ и „пежо“, оштетен и семафор

t

Две патнички возила целосно изгореа утринава во скопската населба Карпош, а од пожарот е оштетен и семафор, информираат од Министерството за внатрешни работи, додека истрагата за причините е во тек.

Според официјалните информации, на 26.04.2026 околу 05:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улиците „Орце Николов“ и „Никола Тесла“ биле опожарени патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К. (58), како и патничко возило „пежо 307“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К. (25). Повредени лица нема.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Претходно беше објавено дека пожарот избувнал на паркинг во близина на Технолошко-металуршкиот факултет, каде биле паркирани десетици возила, што создало ризик од поголема материјална штета. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, огнот бил локализиран и спречено било негово проширување кон останатите автомобили и околните објекти.

Станари од околните згради сведочат дека пред да го забележат пожарот слушнале звуци налик на пукање и почувствувале силен и непријатен мирис, по што излегле надвор и го виделе огнот.

Во непосредна близина на местото на настанот се наоѓа и Амбасадата на Унгарија, но засега нема информации дека објектот бил загрозен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…