МВР со детали за смртоносната несреќа кај Ресен: двајца загинати, едниот е 20-годишен
Две лица загинаа, третото е тешко повредено. Ваков е трагичниот биланс од смртоносната сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Ресен-Битола, кај местото викано „Слечиште“.
Според соопштението на МВР, судирот бил помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот П.Н. од Охрид, и патничко возило „Мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од 52-годишниот П.К. од Германија.
„Возачот на „Мерцедесот“ П.К. го загуби животот на местото на настанот, а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта. Возачот на „Опелот“, П.Н., и неговиот сопатник Д.С. (19) од село Лескоец, охридско, биле пренесени во Клиничката болница Битола. Таму кај П.Н. лекарот констатирал смрт, додека кај Д.С. биле забележани тешки телесни повреди“, соопшти МВР. На местото на несреќата извршен е увид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…