МВР со детали за сообраќајката кај Хиподром – возилата се пренасочуваат по автопатот Скопје-Велес
Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на скопската обиколница во правец кон Куманово, кај клучка Хиподром, а возилата се пренасочуваат по автопатот Скопје-Велес.
„Денеска (24.10.2025) околу 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, кај клучка Хиподром, исклучок кон Куманово, товарно возило „мерцедес“ удрило во банкина. Со повреди се здобил возачот, кој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. “
Поради преземање на мерки за отстранување на возилото од коловозот, сообраќајот во овој дел од автопатот е во прекин, а возилата се пренасочуваат преку автопатот Скопје-Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
Белгиската полицијата ќе врши претреси во домовите…
Парламентот на Белгија изгласа контроверзен закон, со…
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…
ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…