МВР со засилени сообраќајни контроли низ државата
Министерството за внатрешни работи информира дека од 3 до 9 август спроведува засилени сообраќајни контроли во рамки на Европската недела на контроли, што се реализира под координација на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL.
Како што соопшти МВР, акциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја надминуваат дозволената брзина на движење, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и нивните последици.
Поради зголемената фреквенција на возила за време на летната сезона, сообраќајната полиција ќе спроведува засилени контроли и превентивно-репресивни мерки на патните правци низ целата држава.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја приспособат брзината на условите на патот и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност на патиштата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради закани за атентат од Иран: Американскиот…
Американскиот министер за финансии Скот Бесент е…
Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…
Објавата на Топ ченел има политичка заднина…
Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…
Москва oд Абу Даби: НАТО да се…
Русија го покрена прашањето за враќање на…
ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…
На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…