МВР фати крадец на дело: Осомничен е за кражба на уметнички дела
Рано утрово во 02.00 часот на бул.„Партизански одреди” полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(33) од Скопје. Тој бил затекнат при обид за извршување на „тешка кражба” во куќа на подрачјето на Центар и го признал делото.
Притоа кај него е пронајден предмет кој што потекнува од кривични дела „тешка кражба” пријавени на 27.06.2022 во Полициската станица Центар, а извршени во периодот од 25 до 27.06.2022, при што од книжарница на ул.„Ѓуро Стругар” во Скопје биле одземени повеќе уметнички слики.
Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајка кај Белви: Се судриле три…
Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава кај…
40-годишна стружанка претепала старец, па го ограбила
Жена од струшкото село Октиси е пријавена…
Две лица повредени со остар предмет, во…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(37)…
Албански државјанин почина во Кичево – ќе…
МВР информира дека вчера во 19:40 часот…
Работник повреден при извршување работни задачи во…
Педесет и осумгодишен работник од Куманово бил…