МВР ја потврди информацијата на Инфомакс: Список за ликвидација на ученици се појави во скопско училиште! Ова се деталите

t

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата на Инфомакс дека во училиште во Скопје се појавил таканаречен “список за отстрел” на соученици од страна на ученичка во училиште во Центар.

-На 08.05.2023 во СВР Скопје 47- годишна жена пријавила дека во основно училиште на подрачје на Центар ученичка во училиштето направила список со закани за соученици. Известена е директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Се работи за училиштето “Кочо Рацин” во Центар.

-Има училишта во Скопје каде се случуваат немили настани и тоа не е последица само на тоа што се случи во Србија, туку тоа само ја зголеми сензитивноста во школите па испливуваат на површина некои работи кои се затскривале, вели во вчерашната епизода на Тешки муабети нашиот ко-водител Филип Петровски.

-Во нашите школи има булинг, има елитизам и случјата во Србија предизвика да ги забележуваме.

Има ситуација во одредени школи, списоци, во училишта во Скопје.

Список за ликвидација без случајот во Белград може да се третира како детска игра, сега се третира како општа опасност. – истакна Петровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…