Објавено на:

МЕДВЕДЕВ БРУТАЛЕН: Знаете ли чие оружје убива по Блискиот исток и од каде тоа таму?

t

Оружјето што Соединетите Американски Држави им го доставија на Авганистан и Украина сега се користи, меѓу другото, и во палестинско-израелскиот конфликт, вели заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев во напис за „Известија“.

– Невозможно е да се наброи колку смртоносни оружја, огромни пари, испратија САД и нивните сојузници во НАТО за да му помогнат на неонацистичкиот режим во Киев. Колку оставија при неславното бегство од Авганистан – истакна Медведев.

Тој истакна дека „истовремено, никој не бил изненаден или загрижен што воената опрема на вазалните земји континуирано била крадена и преку шверцерски канали доаѓала во рацете на разни терористи и екстремисти“.

– Очекувано, денеска е очигледен факт: американското оружје во Киев и Авганистан убива луѓе и во Израел – напиша Медведев.

Тој привлече внимание на фактот дека во Конгресот, „со навидум гнев“ бараат „итна истрага“ од каде Хамас го добил ова оружје и „побрзаат да ги обвинат Иран, Сирија, Русија или било кој, освен самите себе“.

– Лицемерие од највисоко ниво – изјави Медведев.

Претходно политичарот оцени дека американското стапало е јасно видливо на секој чекор од палестинско-израелскиот конфликт уште од 40-тите години на минатиот век, САД направија се за да ги спречат спротивставените страни мирно да се разделат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите државни ресурси ангажирани на терен за…

Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности…

(Видео) Украински пилот со „бакнеж на смртта“…

На социјалните мрежи се прошири видео на…

(Видео) Торнадо го погоди југозападот на Франција,…

По серијата пожари, Франција се соочи со…

Кос: Не смееме да прифаќаме тројански коњи…

Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос,…

Отпочната реконструкцијата на патот Добри Дол –…

Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски денеска…