Медведев оди на операција – Русинот ќе отсуствува од терените најмалку два месеци
Рускиот тенисер Данил Медведев објави денеска дека еден до два месеци ќе отсуствува од терените поради оперативен зафат.
– Последните месеци настапував со мала хернија. По консултации со тимот, одлучив да се оперирам за да го решам тој проблем. Веројатно ќе биде вон теренот месец до два. Ќе се трудам што поскоро да се вратам на теренот, напиша Медведев на својот Твитер профил.
Вториот светски тенисер поради тоа веројатно ќе ги пропуши турнирите во Монте Карло, Мадрид и Рим, а неизвесен е и неговиот настап на Ролан Гарос, кој е на програмата од 22 мај до 5 јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев предупредува на директен судир Русија-НАТО
Последен пат светот беше толку блиску до…
Медведев: Зеленски ги измеша лончињата и си…
Украинскиот претседател Зеленски тврди дека постои „дезинформациски…
Медведев: „Старата баба“ ЕУ не фигурира на…
Медведев за ЕУ изјави дека не може…
Доаѓаат јавачите на апокалипсата! – Медведев се…
Дмитриј Медведев, заменик-началник за национална безбедност, денеска…
Медведев: Путин нема ни имот ни сметки…
- Рускиот претседател Владимир Путин, како и…