Објавено на:

Медведев: Победата на Трамп е лоша вест за Украина

t

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска изјави дека веројатно е лоша вест за Украина што Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД, бидејќи, како што изјави, не сака да одвои премногу пари за Киев.

Медведев на Телеграм објави дека Трамп има една особина што е корисна за Русија, а тоа е дека како бизнисмен не сака да троши премногу пари на „лоши добротворни проекти и „алчни меѓународни организации“ и дека Украина веројатно спаѓа во категоријата на која Трамп не сака да троши премногу средства.

Тој посочува дека прашање е колку средства Трамп ќе биде принуден да издвои за војната во Украина бидејќи, како што наведе, американскиот систем е посилен и покрај упорноста на Трамп.

Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медведев предупредува на директен судир Русија-НАТО

Последен пат светот беше толку блиску до…

Медведев: Зеленски ги измеша лончињата и си…

Украинскиот претседател Зеленски тврди дека постои „дезинформациски…

Медведев: „Старата баба“ ЕУ не фигурира на…

Медведев за ЕУ изјави дека не може…

Доаѓаат јавачите на апокалипсата! – Медведев се…

Дмитриј Медведев, заменик-началник за национална безбедност, денеска…

Медведев: Путин нема ни имот ни сметки…

- Рускиот претседател Владимир Путин, како и…