Медведев: Русија го цени одмерениот однос на кинеската комунистичка партија кон украинската криза

t

Русија високо го цени независниот, одмерен однос на Комунистичката партија на Кина (ККП) кон украинската криза и ја набљудува смиреноста и мудроста на кинеското раководство во тешката ситуација со Тајван, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев во писмо со честитки.

Медведев испрати поздравно писмо до генералниот секретар на ККП, кинескиот претседател Си Џинпинг и до учесниците на 20-от Конгрес на ККП. Тој изјави дека светот станува мултиполарен, но дека неподготвеноста на Соединетите Американски Држави и нивните партнери да ја прифатат новата реалност доведува до големи превирања и човечки жртви.

„Русија високо го цени независниот, одмерен став на Комунистичката партија на Кина во однос на украинската криза, чија криминална улога во расплетот им припаѓа на западните земји“, рече Медведев.

Според него, Русија е загрижена и за однесувањето на американските власти во однос на Тајван и додаде дека островот е нераскинлив дел од Кина, а постапките на САД ги нарече отворена провокација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она…

Папата Лав XIV денеска ја осуди евтаназијата…

Фон дер Лајен најави помош од речиси…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Малолетник се здобил со тешки повреди откако…

Малолетник е тешко повреден откако бил удрен…

Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот

Центарот за управување со кризи информира дека…

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…