Медведев тврди: Русија му дала “амин” на Бајден да дојде во Украина
Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден добил безбедносни гаранции пред денешната ненајавена посета на Киев, но не прецизираше кој од руска страна ги дал тие гаранции.
За време на неговата посета на Киев, Бајден разговараше со неговиот украински колега Володимир Зеленски.
„Бајден, откако доби безбедносни гаранции, конечно пристигна во Киев. Тој вети многу оружје и вети верност на неонацистичкиот режим до гроб. Секако, имаше многу навестувања за победа на нивна страна, која наводно ќе дојде со ново оружје и храбри луѓе“, напиша Медведев на својот канал Телеграм, пренесува Танјуг.
Тој оцени дека западните земји „сосема верно“ го снабдуваат Киев со оружје и пари.
„Тие ги снабдуваат во огромни количини, му овозможуваат на воено-индустрискиот комплекс на земјите на НАТО да заработува пари и да краде оружје за да им го продаде на терористите ширум светот“, рече тој.
АП претходно објави, повикувајќи се на Белата куќа, дека Вашингтон бил во контакт со Москва непосредно пред посетата на Бајден на Украина, „за да се избегнат конфликтни ситуации“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…