Објавено на:

Медведев: Тие кои ги сметаат САД за непријател се наши пријатели

t

Земјите кои ги сметаат САД за непријател се наши пријатели, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Тој на својот канал Телеграм напиша дека изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за потенцијалното испраќање на руско оружје во други земји кои се во конфликт со Западот е многу значајна промена во надворешната политика на Русија.


Според неговите зборови, Путин вчера за прв пат ја споменал можноста за испраќање руско оружје во региони кои се во конфликт со државите кои го снабдуваат Киев со оружје.
„Со други зборови, на оние сили кои се во судир со Америка и земјите на НАТО. Ова е многу значајна промена во нашата надворешна политика. Како што мислат Јенките и нивните европски кучиња: ние имаме право да испорачаме какво било оружје на Украина (тоа е непријател на нашата земја), а сите други земји не можат да и помогнат на Русија“, рече тој.
Медведев додаде дека намерно не се прецизирани регионите во кои може да се испрати руско оружје, тие би можеле да бидат сите оние кои ги сметаат САД за непријател, што значи дека се пријатели за Русија.


„Сега САД и нивните сојузници нека почувствуваат на своја кожа како изгледа кога трета страна користи руско оружје. Тие трети страни и региони намерно не се именувани, но тие можат да бидат сите оние кои го сметаат Пиндостан (Америка во жаргон) како нивните непријатели, без разлика на нивните политички убедувања и меѓународно признавање, нивниот непријател е Америка, така што тие се наши пријатели“, рече тој, додавајќи дека би сакал употребата на руското оружје да биде колку што е можно погубна за нивните и руските противници.
Нека изгорат во пеколен оган ранливите капацитети на земјите кои го снабдуваат Киев со оружје, заедно со оние што ги водат тие земји, рече Медведев.
„И ние ќе се радуваме на нивните успешни напади врз нашите заеднички непријатели“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…