Медведев: Трамп ја скрши Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп го „скрши“ „режимот во Киев“ и сега ќе мора да ја плати американската помош со природни ресурси, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.
„Сега ќе мора да плаќаат за испораки на воена опрема со националното богатство на земја што исчезнува“, напиша тој на социјалните мрежи. Во исто време, американскиот Сенат предводен од републиканците се подготвува да воведе „разорни санкции“ против Русија.
„Да видиме како ќе реагира новата администрација. Рејтингот на Трамп падна, а „длабоката држава“ жестоко му се спротивставува“, заклучи Медведев. Како што пишува „Блумберг“, цитирајќи го сенаторот Линдзи Греам, САД би можеле да воведат царини од 500 проценти за Русија и нејзините сојузници доколку рускиот претседател Владимир Путин не започне преговори за прекин на конфликтот. Според него, законот е поддржан од 72 сенатори. Во меѓувреме, Вашингтон и Киев потпишаа договор за природните ресурси на Украина, објави претходно Министерството за финансии на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…