„Меланија е вдовица во исчекување“: Првата дама на САД во војна со водителот Џими Кимел
Меланија Трамп ја повика телевизијата Еј-би-си да одговори на коментарите на водителот Џими Кимел во кои тој ја нарече „вдовица во исчекување“ откако неговиот монолог беше емитуван пред пукањето на годишната вечера на Здружението на дописници од Белата куќа, објави Би-би-си.
„Доста е. Време е Еј-би-си да заземе став. Колку пати раководството на овој Дом ќе го толерира неприфатливото однесување на Кимел на штета на нашата заедница“, рече Меланија Трамп во објава на социјалната мрежа X.
Во својата емисија во четврток, водителот Џими Кимел се шегуваше за вечерата на дописниците од Белата куќа и им се потсмеваше на американскиот претседател Доналд Трамп и на Меланија, нарекувајќи ја „вдовица во чекање“, два дена пред настанот да биде прекинат со пукање.
„Нашата прва дама Меланија е тука. Погледнете ја, толку е убава.Госпоѓо Трамп, зрачите како вдовица во исчекување“, рече Кимел.
Потоа тој се осврна на нејзиниот роденден на 26 април, со хумористичен коментар за начинот на кој беше прославен.
„Планира да слави дома како и секогаш, гледајќи низ прозорецот и шепотејќи: „Што направив?““, рече Кимел.
Според Фокс њуз, најжестоките поддржувачи на Трамп во меѓувреме побарале Кимел да биде отпуштен поради неговите коментари за првата дама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
36 пожари за 24 часа, активни се…
На ден 07/08.09.2026 година, до 07:30 часот,…
Македонија одбележува 35 години независност
На 8 септември 1991 година, граѓаните на…
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…